Home » Барањата за екстрадиција на Блерим Рамадани и на двајца осуденици во „Монструм“ – една од темите на разговор на Мицкоски и Курти

Барањата за екстрадиција на Блерим Рамадани и на двајца осуденици во „Монструм“ – една од темите на разговор на Мицкоски и Курти

by Журнал.мк

Дискутирано е и за двете барања за екстрадиции и договорено е и разговорите да продолжат на ниво на министри за правда на двете држави, потврдија двајцата премиери
Оваа средба е порака дека сакаме да ги зголемуваме и да ги подобруваме односите меѓу двете влади, кажа премиерот Христијан Мицкоски

Барањето на Србија за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани, како и барањето на нашето Министерство за правда за екстрадиција од Косово на двајца осуденици во случајот „Монструм“, била една од темите на кои денеска премиерот Христијан Мицкоски разговарал со својот косовски колега Албин Курти.

Двајцата премиери по денешната средба, во Владата на РСМ, одржаа и заедничка прес-конференција, на која дел од новинарските прашања беа токму за екстрадициите.

Дискутирано е и за двете барања за екстрадиции и договорено е и разговорите да продолжат на ниво на министри за правда на двете држави, потврдија двајцата премиери.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More