Home » Банките со АПЕЛ до граѓаните да не отвараат сомнителни СМС пораки

Банките со АПЕЛ до граѓаните да не отвараат сомнителни СМС пораки

by Журнал

Банките апелираат до граѓаните да внимаваат на обиди за злоупотреби на нивните картички. Во известувањата од банките се апелира граѓаните да не отвараат линкови од сомнители СМС пораки и да не споделуваат податоци од картичките.

Банките предупредуваат дека е забележана измамничка кампања зад која стои лажна веб страница која се испраќа преку СМС и е-маил пораки со цел злоупотреба на податоците од картичките.

– Заштитете ги Вашите платежни картички од можна злоупотреба и не кликајте на линк добиен преку СМС или е-маил порака за наводна „погрешна адреса“ или „вратена пратка“. За да се заштитите од злоупотреба, вооопшто не споделувајте податоци од картичката на сомнителни страни, стои во дел од соопштенијата од банките.

Оттаму укажуваат дека доколку граѓаните ги внеле податоците од нивната картичка, потребно е веднаш да се јават во контакт центарот на матичната банка за да се блокира картичката.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More