7 C
Skopje
Friday, January 22, 2021

Балашевиќ по инфарктот пред публиката во Загреб: „Не е готово додека дебелиот не отпее што има“

Најчитани вести

Српскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ синоќа го одржа својот концерт во Загреб, втор по преживеаниот инфаркт.

Хрватските медиуми пренесуваат дека атмосферата била одлична. Концертот Балашевиќ го отворил со песната Словенска, а имал и порака за публиката.

-Па каде сте вие? Имав некоја ситуација, како што би рекле Американците, и тоа беше за мене изненадување, морав да ги смислам оние „последни зборови“, Малку ме изненади, не очекував, јас сум мајстор за импровизации и гледав во сите тие луѓе во бело и размислував што да кажам и знаев „Добро вечер Загреб“. Не е готово, додека дебелиот не отпее што има, и се обрати Балашевиќ на публиката која го поздрави со овации.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести