Home » Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

by Журнал.мк

Втор ден од учебната година, а родителите на децата со тешкотии сѐ повеќе се гневни затоа што и денес нема образовни асистенти. Нивните деца се дискриминирани на почетокот на учебната година! Наместо во училишните клупи, седат дома бидејќи министерката за образование, Весна Јаневска, не ја заврши навреме постапката за вработување на образовните асистенти, вели Весна Баковска, од Комисија за образвание на СДСМ.

„Родителите се во агонија како да ги организираат секојдневните обврски бидејќи нивните деца не може да следат настава, а министерката, наместо да покажае разбирање и емпатија, ја лаже јавноста дека проблемот ќе биде решен деновиве. Процедурата за вработување на образовните асистенти почна пред неколку дена и ќе трае цел септември, што значи дека децата со посебни потреби од настава ќе изгубат еден месец. Уште поголем проблем ќе биде ако по еден месец добијат нов асистент, кој ќе треба да го прифатат и да се приспособат“, вели Баковска и додава:

„Весна Јаневска да престане да лаже! Зема над 115.000 плата! 3,5 пати поголема плата од наставниците и професорите, и требаше со време да мисли на децата со тешкотии и на нивните семејства пред почетокот на учебната година“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More