Home » Багерите почнаа со работа, невладините и независните организираат протест против 17-катницата кај Воена болница

Багерите почнаа со работа, невладините и независните организираат протест против 17-катницата кај Воена болница

by Журнал

Багерите и камионите почнаа со работа на градилиштето во близина на болницата „8 Септември“, каде треба да се гради 17-катница. На таблата пишува дека градежната дозвола од вчера е правосилна. „Независни за Карпош“ се подготвуваат за протест за утре со повик „Излези ако ти е доста од владеење на Мафијата“.

Надежта за сега е вперена кон министерството за култура каде уште пред два месеца поднеле жалба. Бараат да се поништи позитивното мислење на конзерваторскиот центар донесено под палката на екс директорот Константин Димитров, кој подоцна беше осомничен во акцијата „Шар“ за скопската Чаршија.

Дел од парцелата влегува во границите на зградата споменик Воена Болница која е заштитена како културно наследство. Иако имало првично негативно мислење од оваа установа, Димитров формирал комисија која потоа дала зелено светло за градежна дозвола, а тој истовремено бил и член на комисијата за урбанизам во Карпош, вели Георгиевска.

„Веднаш формиравме работна група во ноември“ вели министерката за култура во изјава за Телма. Не се одлговлекува, тврди министерката која се надева дека ќе има исход во догледно време.

Инвеститор е ЗСФ КОМ на Фатмир Етеми. На градилиштето ни пристапи проект менаџерот кој во кусата изјава рече дека работат регуларно.

Од Општина Карпош со соопштение велат дека независните советници ширеле невистини, а одобрението за градба било издадена законски и согласно Генералниот урбанистички план за Скопје од 2012 година.

„По носењето на овој план кој е од повисок ранг, локалната самоуправа донесе Детален урбанистички план во 2013 година и на оваа локација е предвидено колективно домување за што дале согласност Градот Скопје, министерството за транспорт и врски, министерството за култура, министерство за одбрана. Овој Детален урбанистички план, токму од овие луѓе е обжален на Уставен суд на Република Македонија, и нивната иницијатива највисокиот судски орган ја отфрли како неоснована“, соопштуваат од Општина Карпош.

На терен се прават припреми, а за околу два месеца ќе почнат и главните градежни работи на парцелата ни кажаа денеска од таму.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk