Home » Баерн е новиот шампион на Германија

Баерн е новиот шампион на Германија

by Журнал.мк

Баерн е новиот шампион на Германија. По вчерашниот нерешен резултат од 3:3 помеѓу Баерн и Лајпциг, во кој Јусуф Поулсен обезбеди реми за домаќините во судиското продолжение и го расипа почетокот на прославата, Баер Леверкузен денес одигра нерешено 2:2 на гостувањето кај Фрајбург. Ова значи дека тимот на Чаби Алонсо е недостижни осум бода зад Баерн на две кола пред крајот на првенството.

Првиот гол за Фрајбург го постигна Максимилијан Егештајн во 44-тата минута. Играчот од средниот ред на Фрајбург го победи голманот Матеј Ковар со брилијантен удар од далечина и му донесе водство на својот тим. Само четири минути подоцна, Фрајбург водеше со 2:0, откако Пјеро Хинкапи си постигна автогол.

Домаќините одиграа акција која заврши со центаршут за Јохан Манзамби, а по неговиот обид, Хинкапи со несмасна реакција ја одби топката во сопствената мрежа. Во 82-та минута, Флоријан Вирц постигна гол на надеж за Баер.

Со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот, тој го намали водството на Фрајбург на 2:1, а во третата минута од судиското продолжение, Џонатан Та израмни на 2:2. Стоперот на Баер прецизно го погоди центаршутот со глава, но резултатот не се промени до крајот.

„Скршени сме од големиот број нерешени резултати оваа сезона. Кога станува збор за порази, имавме само два, како и Баерн“, рече Чаби Алонсо пред две недели, кога беше прашан за трката за титулата со Баерн.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk