Home » Баер Леверкузен потврди за „сериозниот интерес“ на Ливерпул за Флоријан Вирц

Баер Леверкузен потврди за „сериозниот интерес“ на Ливерпул за Флоријан Вирц

by Lina Muslija

Англискиот шампион Ливерпул покажува „сериозен интерес“ за германскиот репрезентативец Флоријан Вирц, потврди спортскиот директор на Баер Леверкузен, Симон Ролфес. Плејмејкерот на експрвакот на Бундеслигата сака да направи трансфер летово, а Црвените се сметаат за главни фаворити за неговиот потпис.

„Постои сериозен интерес од Ливерпул, но засега нема ништо повеќе што можам да кажам. Флоријан сè уште е наш играч“, изјави Ролфес за германските медиуми.

Според информациите на „Скај Германија“, преговорите меѓу двата клуба се водат со брзо темпо и имаат позитивен тек. Самиот Вирц сака да игра во Премиер лигата и веќе го чека дозволата од Баер Леверкузен за да отпатува во Ливерпул и да ги заврши медицинските тестови.

 

Флоријан Вирц, кој беше клучен играч во шампионската сезона на Леверкузен, може да чини и до 150 милиони евра, сума која не ги обесхрабрува англиските шампиони.

Ливерпул не е заинтересиран само за Вирц. Уште еден играч на Баер Леверкузен е блиску до трансфер на „Енфилд“. Станува збор за десниот бек Жереми Фримпонг, кој е проценет на околу 35 милиони евра.

Доколку трансферите се реализираат, Ливерпул ќе добие значителни засилувања во офанзивата и дефанзивата во пресрет на новата сезона во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk