Home » Бајиќ позитивен на коронавирусот – Македонија без селектор против Грузија

Бајиќ позитивен на коронавирусот – Македонија без селектор против Грузија

by Журнал.мк

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, ни по алтернативен пат нема да стигне до Тбилиси, каде националниот тим, во четврток, ќе игра против Грузија во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Откако, Косово, одби да му даде виза за влез во земјата, Бајиќ бараше решение како да стигне до Истанбул од каде тимот ќе лета кон Тбилиси. Сепак, селекторот, ќе остане во Скопје, бидејќи добил позитивен тест на коронавирусот.

Репрезентацијата во Тбилиси ќе ја водат неговите помошници. Постои шанса Бајиќ да биде на клупата во вториот меч со Грузија, на 27.февруари во Скопје.

Натпреварот со Грузија, покрај селекторот ќе го пропуштат и тројца значајни играчи од надворешната линија: Андреј Магдевски, Ненад Димиритијевиќ и Дамјан Стојановски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More