Home » Бајиќ доби забрана за влез на Косово – Кошаркарите без селекторот ќе тргнат кон Тбилиси

Бајиќ доби забрана за влез на Косово – Кошаркарите без селекторот ќе тргнат кон Тбилиси

by Журнал.мк

Кошаркарската репрезентација на Македонија, во четврток, ќе игра против Грузија во Тбилиси, во кавлификациите за пласман на Светското првенство.

Пред заминувањето за Грузија, неочекуван административен проблем се испречи пред Кошаркарската федерација. Косово не му одобри влез на селекторот Драган Бајиќ, што значи дека тој нема да може со тимот од Приштина да полета кон Истанбул, а потоа кон Тбилиси.

Во стручниот штаб на репрезентацијата покрај Бајиќ има уште двајца државјани на Босна и Херцеговина, но косовските власти виза не му одобриле само на селекторот.

„Едноставно сум шокиран кога ја добив информацијата дека не му е одобрен влез на Косово. Немам објаснување за ова. Сега Федерацијата има голем проблем, мора да бара алтернативно решение како да стигнам до Истанбул. Решението е јас порано да тргнам за Истанбул, што значи дека нема да можам да го одработам тренингот“, рекол Бајиќ за „Српска инфо“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More