Home » Бајден: Путин има поголеми цели од Украина

Бајден: Путин има поголеми цели од Украина

by Журнал

Американскиот претседател Џозеф Бајден на социјалната мрежа „Икс“ ја критикуваше изјавата на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, дека нема да го спречи нападот на Русија врз членките на НАТО, во случај да одбијат да ги исполнат финансиските обврски кон Алијансата.

„Знаете зошто Украина е важна? „Од причина што, како што можете да видите, рускиот претседател Владимир Путин се насочи на многу поголеми цели“, напиша Бајден.

Корисниците на мрежата во коментарите ја критикуваа изјавата на шефот на Белата куќа и го повикаа да се грижи за САД, а не за Украина, како и да не се посрамотува со таквите изјави и да поднесе оставка.

Претходно Трамп посочи дека како претседател на САД нема да дозволи помош за земјите од НАТО, доколку тие не ги исполнат обврските кон таа организација.

Трамп повеќе пати изјавуваше дека не верува во желбата на НАТО да ги заштити САД. Како претседател, тој го изразуваше незадоволство од работата на Алијансата и се закануваше дека САД ќе се повлечат од неа доколку европските партнери не преземат поголема финансиска одговорност за сопствената безбедност. Во исто време, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека САД нема да го напуштат овој воен блок, без оглед на резултатите од американските избори закажани за ноември.

Во интервјуто со американскиот новинар Такер Карлсон, Путин нагласи дека Москва нема намера да ги напаѓа членките на НАТО, особено не Полска, Латвија или други балтички земји.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More