Home » Бајден проширува санкции за Западен Балкан: На црна листа и децата на корумпираните

Бајден проширува санкции за Западен Балкан: На црна листа и децата на корумпираните

by Журнал.мк

Претседателот на САД, Џо Бајден, донесе нова извршна наредба за проширување на санкциите во врска со ситуацијата на Западен Балкан, пишува Гласот на Америка.

Според објавата, наредбата ги дополнува условите за санкционирање лица кои ја загрозуваат стабилноста на регионот, вклучувајќи и оние кои работат против Преспанскиот и Охридскиот рамковен договор.

Нови амандмани вклучуваат:

Лица кои се лидери или функционери во ентитети кои се обидуваат да го нарушат мирот и стабилноста на Западен Балкан.

Лица чии имоти се блокирани поради овие активности.

Брачни партнери или деца на лица под санкции.

Извршната наредба исто така ги проширува санкциите на оние кои ја поткопуваат владеењето на правото, се вклучуваат во корупција или политички поткуп, како и на оние кои го загрозуваат територијалниот интегритет и човековите права во регионот. Санкции ќе се применуваат и на поддржувачи на овие активности.

Белата куќа исто така најави нови упатства за санкционирање на лица кои ја поткопуваат стабилноста на регионот, вклучително и со финансиски и правни потези

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk