Home » Бајден предупредува: Ако Русија ја нападне Украина, нема да има Северен тек 2

Бајден предупредува: Ако Русија ја нападне Украина, нема да има Северен тек 2

by Журнал.мк

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека доколку Русија ја нападне Украина, нема да има Северен тек 2.

Говорејќи на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц, Бајден рече дека ако Русија повторно изврши инвазија, тогаш нема да има Северен тек 2, пренесе Ројтерс.

На прашањето како ќе го направи тоа, тој одговори: „Ветувам дека ќе успееме“.

Северен тек 2 требаше да биде регистриран како независен оператор во Германија, со цел да започне гасоводот, но Федералната агенција за енергетски мрежи ја суспендираше постапката за негова сертификација поради организациски и правни прашања на 16 ноември 2021 година, пренесе ТАСС.

Регулаторот нагласи дека процесот на сертификација ќе биде суспендиран додека главните средства и човечките ресурси на операторот не се префрлат во сопственост на неговата германска подружница.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More