Home » Бајден: Нема да го помилувам мојот син доколку биде осуден

Бајден: Нема да го помилувам мојот син доколку биде осуден

by Журнал.мк

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема да го помилува својот син Хантер, кому му се суди во Делавер под обвинение дека го прекршил законот кој им забранува на корисниците на дрога да поседуваат огнено оружје.

Во интервју за ЕјБиСи њуз, тој одговори со „да“ на прашањето дали ја отфрла можноста за помилување за Хантер. Тој исто така одговори со „да“ на прашањето дали ќе ја прифати пресудата во судскиот процес кој почна неделава.

Доколку биде осуден по сите точки од обвинението во Делавер, Хантер Бајден се соочува со затворска казна до 25 години, иако обвинетите обично добиваат пократки казни, според американското Министерство за правда. Хантер Бајден, чие судење започна во вторникот, е обвинет дека не пријавил употреба на дрога кога купил пиштол во 2018 година и нелегално поседувал пиштол 11 дена во октомври 2018 година. Тој се изјасни за невин.

Хантер Бајден е прв син на еден американски претседател, кој е кривично гонет додека неговиот татко се уште е на власт.

Судењето се очекува да се фокусира на годините на злоупотреба и зависност од крек на Хантер Бајден, за кои тој зборуваше јавно и беше истакнат дел од неговата автобиографија од 2021 година, Beautiful Things.

Тој на сослушувањето минатата година на американската окружна судијка Мерилен Нореика и кажа дека не конзумирал опојни средства од средината на 2019 година. Судењето на Хантер Бајден им дава можност на републиканците да го оттргнат вниманието од проблемите со импичментот на републиканскиот кандидат и поранешен претседател Доналд Трамп.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More