Home » Бајден му дозволи на Киев да користи американско оружје за напади на руска територија

Бајден му дозволи на Киев да користи американско оружје за напади на руска територија

by Журнал.мк

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден тивко ѝ даде дозвола на Украина да изврши напад во Русија, исклучиво во близина на регионот Харков, користејќи оружје обезбедено од САД, изјавија денеска американски функционер и уште две лица кои знаеле за ова прашање, објави Политико.

Според бриселскиот портал, тоа е голем пресврт што ќе и помогне на Украина подобро да го одбрани вториот по големина град.

– Претседателот неодамна издаде инструкции до својот тим да се осигура дека Украина може да користи американско оружје за возвратен оган во Харков, за да може Украина да возврати на руските сили кои ги напаѓаат или се подготвуваат да ги нападнат – потврди американскиот функционер, додавајќи дека политиката која дозволува далечни удари во Русија не е променета – наведува Политико.

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди на закана од глобален конфликт доколку западните сојузници на Киев и дозволат на Украина да го користи оружјето што го испорача за напад во Русија, објави Ројтерс.

САД изјавија дека не поттикнуваат и не овозможуваат употреба на американско оружје за директни напади врз Русија, но американскиот државен секретар Ентони Блинкен, запрашан за моменталната позиција на Вашингтон по ова прашање, вчера рече дека ќе се „прилагоди“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More