Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден изјави дека издавањето налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, од страна на Меѓународниот кривичен суд е „срамота“, а ваквиот негов став го пренесе Белата куќа.
– Издавањето налог за апсење на Меѓународниот кривичен суд е „срамота“ за израелските лидери.
Дозволете ми да бидам јасен уште еднаш: што и да имплицира МКС, не постои еквивалентност меѓу Израел и Хамас.
Ние секогаш ќе стоиме со Израел против заканите по неговата безбедност, рече Бајден.
МКС објави дека издал налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и убиениот лидер на Хамас Мохамед Деиф под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.