Home » Бајден ги покани лидерите на 50 земји на состанок на Контакт групата за обезбедување одбранбена помош за Украина

Бајден ги покани лидерите на 50 земји на состанок на Контакт групата за обезбедување одбранбена помош за Украина

by Журнал.мк

Американскиот претседател Џо Бајден ги покани лидерите на повеќе од 50 земји на состанок на Контакт групата за обезбедување одбранбена помош за Украина, јави ДПА.

„Ќе свикам состанок на лидерско ниво на Контакт групата за обезбедување одбранбена помош за Украина следниот месец во Германија за да ги координирам напорите на повеќе од 50 земји кои ја поддржуваат Украина во нејзината одбрана од руската агресија“, стои во изјавата на Бајден.

Претходно американскиот претседател најави нов пакет помош за Киев во вредност од околу осум милијарди долари, вклучувајќи системи за воздушна одбрана „Патриот“, наведувани бомби со долг дострел и беспилотни летала. Освен тоа, Бајден денеска во Белата куќа во Вашингтон ќе го прими и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски веднаш им се заблагодари на САД и напиша на „Телеграм“ дека неговата земја ќе го користи оружјето на најефикасен и најтранспарентен можен начин. Тој, исто така, изрази благодарност за поддршката и од демократите и од републиканците. Зеленски ја пофали програмата за обука на украински пилоти да управуваат со борбени авиони Ф-16 и ја истакна важноста на неодамна воведените нови економски санкции против Русија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk