Home » Азири: Новиот закон за администрација е реформски, нема да значи намалување на платите

Азири: Новиот закон за администрација е реформски, нема да значи намалување на платите

by Журнал

Платите на јавната администрација не се намалуваат со новиот Закон за административни службеници, како што тврдат сидикатите и опозицијата, тврди министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Во синоќешното гостување во Анализа на ТВ24, Алиу вели дека новото законско решение ги заштитува вработените, преку методологија за раст на платите, според која, ако трошоците за живот годинава пораснат повеќе од 3%, во однос на лани, платите автоматски се покачуваат за процентот за кој трошоците пораснале. Втор критериум за пораст на платите ќе биде и колективниот договор, кој секоја институција треба да го потпише.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта пред избори брза да донесе нови закони за државната администрација, без консултации со синдикатите. Опозицијата тврди дека синдикатите им се пожалиле дека со овие измени, минималната плата ќе се тргне, како еден од коефициентите за утврдување на платите. Власта негира дека новиот закон е на штета на работниците.

Министерот Алиу потсети дека лани администрацијата добила и усогласување, но и зголемување на платите, но изјави дека во март годинава покачување нема да има, оти администрацијата во септември наместо договорените 5, добила зголемување од 10 отсто. И додека новите закони за администрација се брзаат да се донесат и на власта и на опозицијата тешко им оди намалувањето на функционерските плати.

Според новиот Закон за административни службеници, кој се носи по скратена постапка, навота методологија за плати ќе се применува од 1 март идната година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk