34
На 22.11.2024 во 17.50 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот А3 Ресен-Битола патничко моторно возило „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Б. (68) од Битола, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.