Home » Автоматска пушка пронајдена во стан во скопски Центар каде престојувале Турци

Автоматска пушка пронајдена во стан во скопски Центар каде престојувале Турци

by Журнал.мк

Вчера во 20.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода и Г.С.(41) од Скопје. При претрес во неговиот домот, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

– На 03.06.2025 околу 21.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, исто така, со наредба на Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на подрачје на Центар во кој престојуваат турски државјани, при што во помошна просторија се пронајдени и одземени автоматска пушка и две рамки со муниција за пушката. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од полицијата за другиот случај.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk