Home » Автобус во Тајланд полн со туристи удри во камион – седум загинати, над 50 повредени

Автобус во Тајланд полн со туристи удри во камион – седум загинати, над 50 повредени

by Журнал.мк

Седум лица загинаа, а повеќе од 53 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи рано утринава во провинцијата Прачин Бури, југоисточен Тајланд, кога туристички автобус удри во задниот дел на камион додека се движеше по надолнина.

Полицијата и спасувачите тврдат дека откажале сопирачките на автобусот, поради што возачот изгубил контрола, објави локалниот весник „Таират“.

Несреќата се случила утринава околу 2 часот по полноќ, кога автобусот се спуштал надолу од ридот Сала Пу Тон.

Според првичните информации, возилото изгубило контрола бидејќи му откажале сопирачките и удрило во приколка на камион.

Во моментот на судирот автобусот налетал на уште два камиони кои превезувале брашно, по што избувнал пожар.

Во пожарот четири лица загинаа на горниот кат од автобусот, додека три загинаа на долниот кат.

По повеќе од 30 минути гаснење на пожарот, спасувачите успеале да ги извлечат телата на загинатите и повредените патници.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk