Home » Автобус со работници се преврте на Флорида, осум загинати, 45 повредени

Автобус со работници се преврте на Флорида, осум загинати, 45 повредени

by Журнал.мк

Осум лица загинаа, а 45 се повредени кога автобус, излетал од патот на северот на американската сојузна држава Флорида, соопшти портпаролот на противпожарната служба на округот Мерион.

Во сообраќајна несреќа загинале осум лица, исто толку се тешко повредени, а 37 патници биле префрлени во локалните болници поради полесни повреди, објави Њујорк Пост.

Работниците патувале до мала фарма за лубеници во округот Мерион кога нивниот автобус се превртел околу 8:30 часот по локално време утринава, соопштија полицијата на државата Флорида и пожарникарската служба на округот Мерион.

Сведок на несреќата и рекол на полицијата во Флорида дека „Форд Ренџер“ ненадејно преминал на спротивната лента и се судрил со автобусот, пишува Њујорк пост.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More