Home » АВТОБУС ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА, ИМА ЗАГИНАТИ – Несреќа кај Истанбул

АВТОБУС ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА, ИМА ЗАГИНАТИ – Несреќа кај Истанбул

by Журнал.мк

Најмалку две лица загинаа, а неколку се повредени по тешката автобуска несреќа која се случила денеска во близина на турскиот град Истанбул.

Патничкиот автобус сообраќал на релација Черкезкој – Ајдин излетал од патот и слетал во провалија длабока 30 метри на автопатот Кузеј – Мармара.

Агенцијата Анадолија пренесува дека животот го загубиле најмалку двајца патници, додека „Дејли Сабах“ пренесува за три загинати, а 18 повредени. Во автобусот во моментот на несреќата имало повеќе од 20 лица.

Во моментот на несреќата условите на патот биле отежнати, односно имало голомразица и снег, па тоа може да биде една од причините за оваа несреќа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More