Македонски автобус вечерва имал сообраќајна несреќа на автопатот А5 кај Појате во Србија. Како што пренесува 192.rs, автобусот се излизгал и удрил во банкината. Засега не се знае дали во несреќата има повредени патници, а причинета е голема материјална штета.
Обилните снежни врнежи предизвикаа колапс на автопатот „Милош Велики“. Состојбата на патиштата е критична низ Србија поради снегот кој не престанува да паѓа. Коловозите се лизгави, а на возачите им се препорачува да бидат внимателни и да возат бавно, како и задолжително да користат зимска опрема.