Автобус на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) денеска се запали во Општина Сопиште.
Според очевидци, автобусот е во близина на приватни куќи и дрва и постои опасност да се прошири.
,,Дојавата за запален автобус на кружниот тек во Сопиште е добиена во 12.33 часот. Испратени се две возила со осум пожарникари. Пожарот е настанат во делот на моторот и потоа се проширил во возилото’‘ – велат за Телма од противпожарната бригада на Скопје
На терен се излезени екипи од противпожарната бригада.