Home » Австралија врати брод полн со автомобили Тесла, но и со смрдибуби

Австралија врати брод полн со автомобили Тесла, но и со смрдибуби

by Журнал

Брод натоварен со илјадници возила Тесла за австралиските купувачи мораше да се врати назад во Кина, поради тоа што бродот беше под инвазија на смрдибуби, што претставуваат биолошка опасност.

Таква вест не се среќава секој ден. Брод натоварен со возила Тесла не доби дозвола да пристапи во пристаништето на Бризбејн во Австралија. По повеќе недели во чекање, бродот конечно беше вратен кон Кина, како што известува порталот за поморски транспорт Трејд Виндс. Проблемот: Ертесина фуло, односно на македонски, смрдибуба.

Бродот под име Гловис Каравел на корејската логистичка компанија Хјундаи Гловис, со капацитет од 6697 ЦЕУ (Кар еквивалент јунит, односно единица мерка за автомобил) пловеше од Шангај за Бризбејн.

Кога бродот пристигна на одредиштето, австралиските власти не му дозволија тој да се закотви. Смрдибубата со жолти дамки се смета како биолошко загрозување, мошне е отпорна и брзо се шири, и може да ги загрози цвеќињата и овошките што се важни за стопанството.

Експерт за поморски транспорт го оценува постапувањето во случајот како „катастрофа“. Бродот загубил 72 денови во времетраење на пловидба, вклучувајќи 62 денови чекање и бескорисно чистење од штетници, пред брегот на Австралија.

Екипажот на крајот морал да се врати во Шангај, за бродот даму да се дезинфицира, пред повторно да заплови кон Австралија, преку Пјонгтек во Јужна Кореја.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More