Вкупно 1.216.780 возила се продадени на австралискиот пазар во минатата година, значително повеќе отколку во досега рекордната 2017 година, кога продажбата достигнала 1.189.116 возила.
Тојота е најпродавана марка со 17,7 проценти удел на пазарот. Најпродаван модел е Форд Ренџер, со 63.356 возила. СУВ и лесните товарни возила сочинуваат 78,4 проценти од пазарот. Сите модели во Топ 10 припаѓаат во овие две категории возила.
Батериските електрични автомобили учествуваат со 7,2 проценти во продажбата. Заедно со приклучните хибридни и чистите хибридни возила, електрифицираните автомобили заедно покриваат 16,2 проценти од пазарот, односно постигнале 196.868 продажби во минатата година.
Од австралиската автомобилска комора очекуваат властите во 2024 година да донесат еколошки норми, со коишто ќе се намали емисијата на штетни материи од возилата, но притоа ќе се внимава на Австралијците да им останат достапни категориите возила што им се потребни и што тие ги сакаат. Станува збор за иницијатива на којашто комората работи веќе десет години.
Најпродавана марка е Тојота, со двојно повеќе возила од второпласираната Мазда, третото место му припаѓа на Форд.
По модели, најпродаван е Форд Ренџер, со мал заостаток следи Тојота Хајлукс.
Изненадување е тоа што речиси една третина од продажбата отпаѓа на возила со дизел мотор (31,2%), додека нивниот удел во Европа веќе е под десет проценти.
Патнички автомобили се само 17,4 проценти од пазарот.
Најмногу возила се увезуваат од Јапонија (345.071), следат Тајланд, Кина, Кореја, па Германија како петти најголем извозник, со помалку од 60.000 возила.
Во Австралија веќе со години не работи ниту една автомобилска фабрика.