Home » Австралија целосно ги отвора границите за вакцинирани патници

Австралија целосно ги отвора границите за вакцинирани патници

by Журнал.мк

Австралија целосно ќе ги отвори границите за сите вакцинирани носители на визи од 21 февруари, изјави премиерот Скот Морисон откако земјата беше затворена за странци речиси две години за да се намали заканата од ширење на коронавирусот.

– Ако сте биле вакцинирани со втора доза, со нетрпение очекуваме да ве видиме во Австралија – нагласи Морисон на прес-конференција.

Австралија следи прилично срамежлива политика на отворање на своите граници од крајот на минатата година, дозволувајќи да влезат во земјата првина квалификувани мигранти, странски студенти и некои категории туристи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More