Home » Аврамовска-Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори е 54%

Аврамовска-Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори е 54%

by Журнал.мк

Претседателка на Централната изборна комисија на СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ изјави дека изборите за претседател на СДСМ биле фер и демократски.

Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ, до 19.45 часот гласале 12.608 членови или 54%.

Во општината Студеничани било констатирано предвреме затворање на избирачкото место поради што Централната комисија одлучила да го поништи гласањето.

Констатиран бил прекин и во општина Гевгелија поради скршена избирачка кутија, но кутијата била заменета и гласањето продолжило, изјави Аврамовска Мадиќ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More