Home » Авион принудно слета поради закана за бомба

Авион принудно слета поради закана за бомба

by Журнал.мк

Авионот на индиската авиокомпанија „Vistara Airlines“ со 247 патници принудно слета во турскиот град Ерзурум на истокот на земјата по анонимна дојава за бомба, јавува турската државна телевизија ТРТ Хабер.

Авионот бил евакуиран и започнала потрагата по експлозиви, се наведува во соопштението.

Според информациите авионот летал за Франкфурт од Мумбаи, Индија.

„Летот UK27 од Мумбај до Франкфурт (BOM-FRA) беше пренасочен кон Турција (Аеродром Ерзурум) од безбедносни причини и безбедно слета во 19:05 часот“, напиша „Vistara Airlines“ на мрежата „X“.

„Воздушниот простор на Ерзурум е затворен за летови“, изјави гувернерот на Ерзурум Мустафа Чифтчи за државната новинска агенција Анадолу, додавајќи дека експертите за отстранување експлозив го пребаруваат авионот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk