Home » Авион на „Визер“ принудно слета во Будимпешта поради чад во кабината

Авион на „Визер“ принудно слета во Будимпешта поради чад во кабината

by Журнал.мк

Авион на „Визер“ што летал на линијата Крајова-Лондон утринава слетал на аеродромот во Будимпешта поради чад кој навлегол во патничката кабина, а двајца членови на екипажот се пожалиле дека не се чувствуваат добро.

Авионот утрово полетал од Крајова, Романија и бил во унгарскиот воздушен простор кога екипажот решил да го прекине патувањето бидејќи чад навлегол во патничката кабина преку системот за климатизација, објави веб-страницата Air portal.hu.

Авионот утрово околу 06 часот безбедно слета на пистата на меѓународниот аеродром „Ференц Лист“ во Будимпешта, а околу 10 часот го продолжи летот за Лондон откако ги смени авионот и екипажот.

Во авионот имало 180 патници и шест членови на екипажот. Авионот Ербас А320 стар 12,5 години е еден од најстарите во флотата на Визер.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More