Home » Авион кој тргнал од Скопје утрово не можел да слета во Загреб, еве која е причината

Авион кој тргнал од Скопје утрово не можел да слета во Загреб, еве која е причината

by Журнал.мк

Аеродромот во Загреб утрово бил со густа магла, па поради тоа имало проблеми во авионскиот сообраќај.

Контролната кула на „Фрањо Туѓман“ аеродромот, морало да ги пренасочува авионите кон други аеродроми. Утринските пристигнувања на авионите на „Кроација Ерлајнс“ од Дубровник, Сплит, Сараево и Скопје, се пренасочени кон Пула, додека карго авион бил пренасочен дури во Белград.

Три авиони успеале да слетаат откако некое време кружеле над аеродромот, чекајќи дозвола за слетување.

Авионот на „Ер Србија“ после два часа чекање, слетал дури во 9:25 часот, после тоа слетуваат „Флит Ер“ и „Туркиш Ерлајнс“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More