Home » „Аудиција” на театарот „Војдан Чернодрински” на фестивал во Србија

„Аудиција” на театарот „Војдан Чернодрински” на фестивал во Србија

by Журнал.мк

Театарот „Војдан Чернодрински” на 28 септември со претставата „Аудиција” во режија на Владимир Милчин, ќе учествува на 11. издание на амбиенталниот театарски фестивал „Нови тврдина театар”, во Чортановци, Србија.

Сценографијата е на Крсте С. Џидров, а костимографија – на Марија Пупучевска. Улогите ги толкуваат: Марија Спиркоска Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Сара Спиркоска, Јасмина Мицовска Станкоска, Наташа Ачански, Илија Волчески, Александар Тодески, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски.

Преводот е на Сузана Киранџиска, а изборот на музиката на Ема Маркоска Милчин и Владимир Милчин.

Горчливата комедија „Аудиција“, напишана 2000 година зборува за копнежот по малку подобар живот, кој е можен само подалеку од провинцијата и татковината. Мајсторски напишаната пиеса е со динамичен развој на дејствието полно со пресврти. Битката за подобар живот ги дроби и изобличува ликовите кои се фрлени да пливаат во казан во кој нема да потонат само оние кои ќе се откажат од човечноста.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More