4 C
Skopje
Sunday, April 11, 2021

Audi со раст од 50% во продажбата на A8 и Q3

Најчитани вести

Audi во јуни продал 166.700 возила или 1,7% повеќе од истиот месец лани. Растот најмногу се должи на Кина, но тоа што радува најмногу во Инголштат е огромниот раст во продажбата на повеќе моделски серии. Надминати се проблемите што сите производители ги имаа со долготрајното префрлување на WLTP, продажбата се очекува да се врати во плус.

Audi во минатиот месец продал 166.700 автомобили на светскиот пазар (1,7%). Најголема заслуга за повторниот раст има Кина, со +22,2% во првиот летен месец. Во исто време се бележи огромен раст во продажбата на знаменосецот A8 (+53.2%), на кросоверот Q2 (+46,2%) или на новиот Q3, кој има зголемување од 51%, но сметано само на европскиот пазар. Добро напредува и Q5, чијашто продажба пораснала за 32,1% во споредба со ланскиот јуни. Од јануари, марката со четирите прстени испорачаа вкупно 906.200 возила, што сепак е намалување од 4,5% во споредба со првото полугодие лани.

Менаџерите се надеваат на натамошен раст, со пристигањето на новиот Q3 Sportback, на освежените Q7 и А4, како и дотапноста на плагин-хибриди. Во исто време, марката се подготвува и за втората фаза на WLTP.

Во Кина традиционално се бараат моделските изведби со продолжена каросерија – на возачите во азиската земја многу им значи просторот на задната клупа

Најбарани модели во Кина се Audi A4 L и Audi Q5 L, исто како и продолжената изведба на Q2, што се нуди само на локалниот пазар. Со 312.502 продадени автомобили од јануари, Audi има нов рекорд во Кина.

Во САД расте продажбата на моделите од највисоките класи, односно A6, A7, Q7, Q8 и A8, со зголемување од 47,7% во споредба со ланскиот јуни. Најпопуларниот модел, Audi Q5, исто така има одличен раст, со +42,7 проценти.

Европа е во минус со 4,5 проценти, сметајќи од јануари. Растат пазарите во Франција (+5,4%), Данска (+23,3%) и Норвешка (+13,7%). На домашниот пазар има опаѓање на продажбата за три проценти, што се должи на моделската замена на најпопуларниот модел Audi A4. Во јуни на германскиот пазар напредувале најмногу Audi Q3 (+60,8%) и Audi A6 (+11,4%).

Продажба на Audi во светски рамки во јуни

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести