21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Audi со концептот A6 e-tron најави нов електричен луксузен седан

Најчитани вести

Шангајското мотор шоу му овозможи на Audi да ги претстави своите последните новитети како Audi Q4 e-tron, да објави детали за новата PPE платформа, но и го најави идниот, електричен A6.

Концептот A6 e-tron е најава за автомобилот кој од 2023 година ќе се продава паралелно со класичниот A6, а подразбира луксузна бизнис лимузина на електричен погон.

A6 e-tron ќе ја користи PPE платформата, која Audi во иднина ќе ја употребува за електричните модели заедно со Porsche, a кај брендот од Инголштад ќе дебитира со премиерата на Q6 e-tron, SUV модел кој ќе биде претставен до крајот на годината.

Концептот во своето пакување имал 100 kWh батерија која би овозможила автономија до 700 километри, а моќноста на A6 e-tron изнесува 470 коњски сили.

Очекувано, идниот електричен седан ќе користи 800V технологија за полнење, што овозможува користење на 270 kW полнач, па за 25 минути може да се стигне до 80 проценти од капацитетот на батеријата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести