14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Audi се приклучи на партнерството помеѓу Mercedes и BMW

Најчитани вести

Германското „ свето тројство“ во автомобилската индустрија, воедно и најголеми ривали помеѓу себе во премиум сегментот, би можеле а работат заедно, на развој на технологијата за автономно возење!?

Ако е за верување на најновите шпекулации што циркулираат по кулоарите на големите производители, Audi ќе се приклучи на партнерството помеѓу компаниите  BMW и Mercedes!

Имено, на почетокот на тековната 2019 година, BMW и Mercedes најавија стратешко партнерство. Цел на тоа партнерство е заедничка работа на развој на технологијата за автономно возење.

Во тоа време, целта била насочена кон  „напредување во развој на технологиите за следната генерација кога станува збор за системите за асистенција во возењето “.

Тука се мислело на автоматско паркирање и на полу – автономното Ниво 3 и Ниво 4  на возење што би се користело на автопат.

Целта била  таа технологија да влезе во масовна употреба веќе до средината на наредната деценија.

Претставниците на компаниите BMW и Mercedes во таа пригода изјавиле дека партнерството значително го забрзува тој процес .

Исто така, трошоците за развој би биле значително помали, бидејќи ќе се поделат помеѓу двата големи производители на автомобили..

Кога партнерството било најавено, двете компании оставиле „отворени врати“ да им се приклучат и останатите производители.

Тогаш е речено дека „BMW и Daimler ќе истражат и дополнителни партнерства со други компании што би можеле да допринесат кон развојот и успехот на новите платформи “.

Имено, денес, германскиот весник – Wirtschaftswoche  пренел дека  Audi на Салонот за автомобили во Франкфуртнаредниот месец – септември, ќе ги најави плановите според кои ќе се придружи  на партнерството помеѓу BMW и Mercedes.

Детали, во овој момент, има многу малку,но при тоа е кажано и дека тоа нема да го загрози партнерството воспоставено помеѓу  Volkswagen групацијата од една страна и американскиот автомобилски гигант Ford.

Дали тоа навистина и ќе се случи,ќе дознаеме за кусо време, поточно за две недели, кога претсртојниот автомобилски салон во Франкфурт ќе ги отвори своите порти.

Потсетуваме новинарските денови, односно  деновите за медиумите се на 10 и на 11 септември, додека, пак,  за публиката портите се отвораат на 12 септември.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com