2.8 C
Skopje
Wednesday, October 20, 2021

Audi одбележува 25 години RS со специјален пакет за своите спортски изведби

Најчитани вести

Audi продолжува да го одбележува важниот јубилеј, 25 години од првиот RS модел, со кој брендот од Инголштад ги најави идните спортски изведби кои се наметнаа како важни членови на премиум перформанс друштвото.

Две ипол децении по премиерата на RS 2 Avant, Audi располага со побројно RS портфолио во различни класи, а наредниот период ќе биде достапен и специјален пакет кој ќе ги надгради и онака атрактивните модели со RS потпис.

На располагање ќе бидат неколку специјални бои, меѓу кои и Nogaro сината варијанта со која се оддава почит на RS 2 Avant, a истото се случува и во ентериерот каде црната боја е комбинирана со сини Alcantara елементи, спортските седиште се во комбинација Nappa-Alcantara, a на неколку позиции е и логото „25 години RS“.

Однадвор, автомобилите кои ќе го добијат овој специјален пакет ќе комбинираат мат алуминиум со црна боја, а во зависност од моделот ќе има и дополнителни екстериерни додатоци, специјални тркала и RS проекција од отворените врати.

Пакетот официјално наречен “Anniversary package 25 years of RS” ќе биде достапен за ТТ RS Coupe, RS 4 Avant, RS 5 Coupe/Sportback, RS 6 Avant и RS 7 Sportback.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com