9 C
Skopje
Tuesday, April 20, 2021

Audi им даде поголеми батерии на хибридите Q5, A6 и A7

Најчитани вести

Од компанијата Audi објавија дека plug-in хибридните верии на Q5, A6 и A7 Sportback во иднина е бидат опремувани со поголеми батерии, кои ќе ветуваат зголемување на автономноста во чист електричен режим на работа до 73 километри (WLTP метод на мерење).

Новиот елемент на батеријата, кој Audi го интегрира во своите plug-in хибриди има употреблив капацитет од 14,4 kWh, а неговите главни димензии останаа непроменети. Исто така непроменет останува и капацитетот на соодветените автомобили, а таа варира од 405 литри (A6 Avant) и 465 литри (Q5), до 1.535 и 1.405 литри со спуштени задни седишта на двата автомобили.

Од Audi објавија и уште една новина кај полнењето на хибридите. Функцијата Charge за принудно дополнување на батериите од страна на моторот со внатрешно согорување, која ќе биде достапна за избор покрај веќе познатите EV, Auto и Hold.

Хибридите за полнење Q5, A6 Sedan и A7 Sportback се нудат во две верзии на моќност – 50 TFSI e со 299 коњски сили и 55 TFSI со 367 коњски сили, сите се опремени со дволитарски TFSI мотор, електромотор, батериски елемент и седумстепен S tronic роботизиран менувач.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести