-1 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Audi го претстави новиот RS6 Avant

Најчитани вести

Аudi откри како ќе изгледа нивниот RS6 Avant од четвртата генерација.

Новиот Audi RS6 Avant има благо хибриден twin-turbo V8 мотор со 600 КС. Спортскиот караван е еден од шесте нови модели на Audi Sport кои ќе пристигнат годинава.

Овој RS модел има недвосмислено различен дизајн во однос на основниот A6 Avant. Со исклучок на предните врати, покривот и багажникот, сите други делови од каросеријата се специфични за овoj RS модел.

Сјајната црна предна решетка е дизајнирана само за RS, а отворите за воздух вградени во предниот браник се обликувани како оние на R8. Дизајнот на внатрешноста го карактеризираат детали од алуминиуми антрацит, кои го истакнуваат спортскиот карактер на возилото.

Благодарение на 48-волтниот електричен систем, V8 моторот моторот ги комбинира врвните перформанси со високата ефикасност, па во секојдневието е можна заштеда на 0,8 литри гориво на 100 киометри благодарение на него.

Новиот Audi RS6 Avant ќе се најде во продажба во европските земји до крајот на годинава./friday.mk/

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести