15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Audi“ ги претстави „e-tron GT“ и „RS“

Најчитани вести

По низа концептни изданија, „Audi“ конечно ја прикажа сериската верзија од своето електрично купе со 4 врати кое директно го напаѓа „Model S“ на „Tesla“, но и братското „Porsche Taycan“.

„Audi“ го направи првиот голем чекор на пазарот на електрични автомобили со моделот „е-tron“, а вчера претстави две нови, конечно сериски верзии: основна „GT“ и спортска „RS“.

Електричните купе-лимузини ги придвижуваат 2 електромотори – на предната и задната осовина, „RS“ развива 598 коњски сили и дури 830 Nm максимален вртежен момент, а основниот „GT“ располага со 476 коњски сили и 630 Nm максимален вртежен момент.

Перформансите се фантастични бидејќи благодарение на таквата сила како и погонот на сите 4 тркала, „GT“ до 100 км/ч. стигнува за 4,1 секунда, додека на спортската верзија ѝ треба уште помалку време – само 3,3 секунди.

Со посебен дизајн, „Audi“ ја зголемил аеродинамичноста, а големите тркала и ниското тежиште гарантираат врвна управливост и стабилност, особено во текот на возењето низ кривини.

Внатрешноста е слична со останатите луксузни модели, а „GT“ се истакнува со ентериер без кожа, направен исклучиво од рециклирани материјали. На кокпитот доминираат два екрани со дијагонала од 10,1 и 12,3 инчи.

И двата модели доаѓаат со батерија од 85 kWh која поддржува брзо полнење, па доволно е само 5 минути за домет од околу 100 километри, додека за дополнување од 80 отсто од капацитетот е потребно нешто повеќе од 20 минути. Дометот на „e-tron GT“ изнесува повеќе од 488 километри.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести