Home » Атентаторот на Фицо префрлен од психијатриска болница во затвор – му се заканува доживотна робија

Атентаторот на Фицо префрлен од психијатриска болница во затвор – му се заканува доживотна робија

by Журнал.мк

Јурај Цинтула – атентаторот на претседателот на словачката влада Фицо е однесен од психијатриското одделение во затвор, пренесува „Словачки Актуалити“.

Нему му се заканува 25 години затвор или доживотен затвор.

Цинтула утрово беше префрлен од локалната болница во окружниот суд во Тренчин.

Опкружен со специјалци во тренерки и со врзани раце помина покрај новинарите.

По денешната судска одлука, атентаторот повеќе нема да биде затворен во психијатриско одделение, туку ќе биде префрлен во стандардна затворска установа, што тој самиот го побарал.

На 15 мај минатата година, Цинтула пукаше со пиштол во Фицо во градот Хандлова и тешко го рани словачкиот премиер, кој во меѓувреме се опорави.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk