22 C
Skopje
Thursday, May 6, 2021

Aston Martin Valkyrie дебитираше на Силверстоун

Најчитани вести

Во рамките на викенд трката од Формула 1 која се возеше на популарната британска патека во Силверстоун свое деби имаше и Aston Martin Valkyrie.

Британскиот возач Крис Гудвин ја имаше честа да биде првиот што ќе седне зад воланот на овој супер автомобил на патеката, а тој не ја криеше импресионираноста од перформансите.

“Сум возел стотици часови на симулатор и сум возел на Силверстоун бројни спортски автомобили, но Valkyrie е нешто навистина посебно” изјави Гудвин.

Од претходно е објавено дека за придвижувањето на овој автомобил најзаслужен е 6.5 литарскиот V12 мотор кој развива до неверојатни 1.130 КС, а максималната брзина изнесува 321 км/ч. Исто така инжинерите на овој производител активно работеа и на аеродинамичност, па така овој модел се вбројува меѓу најаеродинамичните.

Овој автомобил во продажба доаѓа оваа година, пет години по претставувањето на концептот по чиј пример е создаден овој автомобил.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести