Home » АСОМ и АПИС утре пак на протест пред Собрание

АСОМ и АПИС утре пак на протест пред Собрание

by Журнал

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС) утре, (07.02.2024г.), со почеток од 11:00 часот, во присуство на дел од своите вработени, пред Собранието (во паркот „Жена борец“) ќе одржат јавен собир.

За време на собирот, исто така во 11:00 часот, предвидени се и изјави за медиумите од страна на претседателот на АСОМ, Васко Илијевски и претставникот од АПИС, Горан Стоименов.

Поводот е закажаното второ читање на предлог Законот за игрите на среќа и за забавните игри во редовна собраниска постапка.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More