-3 C
Skopje
Sunday, January 17, 2021

АС: Реал Сосиедад работат на трансферот на Барди

Најчитани вести

Реал Сосиедад покажале сериозен интерес за услугите на македонскиот репрезентативец од Леванте, Енис Барди, тврди „АС“.

Клубот од Сан Себастијан и неговиот тренер Иманол Алгуасил имале желба да го донесат Барди во јануарскиот преоден рок, меѓутоа Леванте не се подготвени да се откажат од неговите услуги. Поради тоа трансферот на Барди би требало да се случи по завршувањето на сезоната.

Енис Барди е играч на Леванте од 2017 година, а неговиот договор истекува во јуни 2022 година. Досега за Леванте тој одиграл 75 натпревари и постигнал 14 голови.

Реал Сосиедад сезонава се борат за место што води во Лигата на шампионите. По 18 рунди во Ла Лига Сосиедад се наоѓаат на петтото место со 31 бод.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести