Home » „АС“ откри колку пари од Реал бара Мбапе

„АС“ откри колку пари од Реал бара Мбапе

by Журнал

Килијан Мбапе (25), најдобриот играч и стрелец на ПСЖ и капитен на француската репрезентација речиси се согласил да се пресели во Реал. Од клубот за кој постигна 242 и забележа 105 асистенции на 289 натпревари и кој го купи од Монако за 180 милиони евра, заминува на крајот на сезоната по седум години како слободен играч.

 

Реал го добива без отштета бидејќи договорот со ПСЖ му завршува за четири месеци. Ова го пишуваат водечките француски медиуми и посочуваат дека прашање на денот е кога и официјално ќе биде потврдено дека од следната сезона Мбапе ќе го носи дресот на Реал.

„АС“, открива што побарал Мбапе од Реал за да го потшише договорот.

„Дознаваме дека бројките на кои инсистира францускиот капитен во Реал се значително помали од оние што ги има во Париз, но сепак се баснословни. Мбапе од Реал бара 120 милиони евра само за потпис на договорот.Толку сака затоа што доаѓа без отштета, што значи дека Реал ќе штеди. Понатаму бара годишна плата од 50 милиони евра бруто, тоа е 25 милиони евра нето. Конечно, тој бара и серија бонуси поврзани со бројот на голови, освоени индивидуални и тимски трофеи, а најмногу оние поврзани со употребата на имиџот“.

Се шпекулира дека Реал ќе направи преседан и ќе дозволи распределбата на авторските права да биде 60-40 во корист на Мбапе.

Како што се додава: „Мбапе моментално е во ПСЖ, според договорот што го продолжи пред две години, кога доби 130 милиони евра само за потписот, заработува 72 милиони евра бруто годишно. Но на тоа треба да се додадат и бонусите за лојалност, кои растат секој година. Првата година доби 70 милиони евра. Втората требаше да добие 80 милиони евра и третата 90 милиони евра. Сепак, ќе остане без последните две цифри“.

Шпанците истакнуваат: „Мбапе има џентлменски договор со претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи тој мора прво да го извести претседателот на францускиот шампион за одлуката каде ќе ја продолжи кариерата“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More