Новиот тренер на Арсенал, Микел Артета веќе го крои списокот на засилувања. Засега не е познато кои се неговите комплетни желби и колку засилувања ќе ангажира. Сепак, медиумите од Островото пишуваат дека познато е името на првиот играч кој ќе дојде на „Емирати“ во ерата на Артета.
Тоа е фудбалерот на Атлетико Мадрид, Маркус Лемар. Иако пред неполна година стигна во таборот на „Јорганџиите“ за сума од 70 милиони евра сепак не ги оправда очекувањата на тренерот Симеоне. Шпанските медиуми пишуваат дека Атлетико е подготвен за разделба со играчот.