Home » Арсовски: Најголема веројатност е дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе влезат во вториот круг

Арсовски: Најголема веројатност е дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе влезат во вториот круг

by Журнал.мк

Аналитичарот Петар Арсовски во дебатниот магазин „Click Plus“ на тв21 истакна дека најголема веројатност е дека кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе влезат во вториот круг на претседателските избори.

„Затоа што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се уште имаат поголем број гласови од што било кој од овие два кандидата. Најголемата веројатност е дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе влезат во вториот круг. Еден интересен феномен кој се појави на овие избори е дека збирот на рејтинзите на албанските партии заедно прв пат го надминува рејтингот на една македонска партија а тоа е СДСМ“, вели Арсовски.

Тој истакна дека градоначалникот на Гостивар и кандидат за претседател – Арбен Таравари направил промена во динамиката на расположението на гласачкото тело која ќе создаде сериозен предизвик за ДУИ.

Според него, тоа е така бидејќи за прв пат имаме еден консолидиран опозициски блок кој се спротиставува во една де факто дихотомија, ако се исклучи партијата на Зијадин Села за која не знаеме како ќе иде на избори.

„Сите незадоволни гласачи ќе имаат каде да го истурат своето незадоволство, и тоа ќе создаде еден сериозен предизвик“, додава Арсовски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More