Home » Арсовски: Градот Скопје и општините мора да понесат одговорност за справување со енергетската криза

Арсовски: Градот Скопје и општините мора да понесат одговорност за справување со енергетската криза

by Журнал.мк

Градот Скопје и општините мора да ја ревидираат својата улога во енергетската криза. Владата ќе ги разгледа барањата, но во економска и енергетска криза, секоја институција мора да понесе дел од одговорноста. Така се демонстрира сериозен пристап и грижа за граѓаните, порача владиниот портпарол Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ќе им помогне на општините и на Град Скопје за сметките за струја и греење.

„На Град Скопје и на општините им беше понудено разликата од актуелната до реалната цена за парно греење да се покрие од буџетот во висина од 80 проценти, а со 20 проценти да учествуваат самите, што не беше прифатено“, рече Арсовски на редовната прес-конференција.

Во фокусот на Владата во енергетската криза, рече тој, е да им помага на граѓаните и на малите потрошувачи.

„Наша обврска е да го спречиме ценовниот шок и тоа беше направено – граѓаните се заштитени од превисоки сметки за електрична енергија. Дополнително, Владата со низа мерки обезбеди сигурност и стабилност во снабдувањето со топлинска енергија во главниот град, со целосно покривање од државниот буџет“, додаде Арсовски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More