Началничката на Секторот за сообраќајни работи во МВР објасни дека „Безбеден град“ засега функционира на цела територија на Град Скопје.
„Активиран е електронскиот систем за детектирање на сообраќајни прекршоци, до крајот на месецот планираме да се активира истиот систем и во градовите Куманово и Тетово, а веќе од следната година истиот систем ќе биде имплементиран на територија на цела држава“, објасни м-р Маја Арсовска-Манов, Началник на Сектор за сообраќајни работи во МВР.
Таа дополнително посочи дека во момент нема статистиката, бидејќи секојдневно се добиваат пријави од граѓаните.
„Не би можеле веднаш да калкулираме. Како што како граѓаните пријавуваат дефекти и неисправности на системот на камерите, така веднаш екипите излегуваат и ги поправаат. Мал е периодот за да излеземе со статистика и да кажеме добро е, се намалува, треба време“, додава Арсовска-Манов.








