Home » Арсовска и Ѓоргиевски пак се скараа – решение за јавниот превоз нема

Арсовска и Ѓоргиевски пак се скараа – решение за јавниот превоз нема

by Журнал.мк

Ѓорѓиевски изрази разочараност од недостатокот на сериозност во интервенирањето на Градот Скопје. Според него, постојано се бараат изговори, а вистинскиот проблем е неспособноста да се управува со јавниот превоз.

Жителите на Скопје продолжуваат да се соочуваат со сериозни проблеми во јавниот превоз, а решавањето на ситуацијата, како што велат надлежните, ќе почека до следните локални избори. Ова прашање денеска беше коментирано од страна на вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, како и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, по посетата на седиштето на ЗЕЛС.

Николоски призна дека јавниот превоз во Скопје е далеку од посакуваното ниво и дека проблемите се сериозни, но исто така нагласи дека секој носи своја одговорност за состојбата. Според него, за време на претходните измени на законските прописи, било направено неодговорно поставување на градоначалниците, што довело до овие резултати.

„Недопустливо е да градоначалниците не можат да бидат сменети, што доведува до вакви ситуации. Мислам дека ова е јасен одговор на проблемите што се случуваат“, рече Николоски.

Од друга страна, Ѓорѓиевски, изрази разочараност од недостатокот на сериозност во интервенирањето на Градот Скопје. Според него, постојано се бараат изговори, а вистинскиот проблем е неспособноста да се управува со јавниот превоз.

„Жалосно е што мораме да чекаме на локалните избори за да се реши оваа состојба. Верувам дека по изборите, во рок од неколку месеци, ситуацијата ќе се подобри“, изјави Ѓорѓиевски.

Жално е што причинителите на голготата на граѓаните на градот Скопје со јавниот превоз, зборуваат за тоа како на нив им било жал за граѓаните, реагираа од Град Скопје.

„Три години советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да одобрат набавка на 250 нови автобуси. Три години советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да гласаат за спроведување на проектот БРТ со кој Скопје ќе добие 50 нови автобуси, бесплатно. Три години, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат буџетите и програмите за работа на ЈСП. ВМРО-ДПМНЕ и владата предводена од Христијан Мицкоски одби да набави нови автобуси, иако предложивме средствата за набавка на нови автобуси да ги префрли градот Скопје на Владата, а тие да ги набават автобусите“, стои во реакцијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk