Home » Арсовска: Ќе бидам носител на Нова алтернатива во Изборна единица 1

Арсовска: Ќе бидам носител на Нова алтернатива во Изборна единица 1

by Журнал

Нова алтернатива функционира и се консолидира, а носителите на изборните единици ќе ги објавиме наскоро. Засега се состануваме и разговараме за најгорливите прашања што ги засегаат граѓаните. Од тоа што разговараме со граѓаните гледаме дека се разочарани од ова што се случува во последните триесет години, вели градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Ние не правиме анкети, ги слушаме грашаните надвор. Тоа е најискрено и најчесно и се добива вистинско сознание за состојбата. Тоа го знаеме и од тоа што отворивме телефонски број за граѓаните за поплаки. Има над десет илјади. Не е лесно да се слушаат критики, ама ако не се слушаат нема да се најдат решенија, – вели Арсовска.

Партијата Нова алтернарива ќе оди со свои листи во сите шест изборни единици, а кој ќе биде кандидат за претседател ќе кажат ирганите на самата партија откако ќе се проценат позитивните и негативните страни.

– Сакаме да им кажеме и покажеме на граѓаните дека работите можат да фунционираат и дека треба да се променат. Потребни се одговорни политичари, а не лажговци и манипуланти. Ние ќе излеземе на изборите и ќе освоиме онолку гласови колку што сметаат граѓаните и ќе ни биде чест. Јас ќе бидам носител на листата од Нова алтернатива во Изборна единица 1 и тој предизборен дуел граѓаните треба да го очекуваат, вели Арсовска во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Инаку, во ИЕ 1 носители на листи меѓу другите се Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски и Димитар Апасиев.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More